Проектот EMPLOYOUTH

има за цел да имплементира сеопфатен пакет на активности кои ќе go имаат за конечeн резултат влезот на вработување на високо образовани лица и појава на перспективи врз основа на конкурентноста, продуктивноста и иновативноста.

Интервенцијата ќе вклучи холистички пакет мерки со кој ќе се искористи вредниот човечки капитал на двете земји на пазарот на трудот со крајна цел за размена на квалификуван персонал, подобрување на конкурентноста на двете економии и зајакнување на регионалната кохезија во пограничниот регион.

Цели на проектот:

  • Создавање динамична претприемничка култура
    • Инвестирање во човечки капитал како еден од највредните ресурси на прекуграничната област за промовирање на економските активности
    • Развој на претприемништво и услови кои го олеснуваат создавањето работни места
    • Зајакнување на вештините и зајакнување на човечкиот потенцијал

Програма за финансирање: ИНТЕРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009

 

Приоритетна оска:
1. Развој и поддршка на локалната економија

Специфична цел:

1.1 Да се ​​создадат можности за вработување на образовани дипломци преку искористување на компаративните предности на прекуграничната област, по можност со употреба на иновативни алатки и практики.