Во петокот на 19.10.2018 година се одржа вториот состанок од проектот EMPLOYOUTH во просториите на Универзитетот “Св. Климент Охридски “- Битола, со претставници од сите 6 партнери на проектот.
За време на состанокот, партнерите на проектот разговра за напредокот на проектот и ги поставија темелите за непречено спроведување на истиот. На крајот од состанокот сите учесници ја посетија новата зграда на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, дел финансиран од Програмата за прекугранична соработка IPA CBC CCI 2014 TC 16 I5CB 009.