Како дел од првата фаза на EMPLOYOUTH акцелераторската програма. ушесниците добија менторска поддршка за различни аспекти од формирање и водење на бизнис. До крајот на оваа фаза си апликанти се здобија со знаење да изработат бизнис модел канвас на нивните идеи и да ги презентираат своите идеи на заедничкиот настан организиран како ДЕМО ДЕН.
Во периодот од Јануари до Март 2019, нашиот ментор Игор Изотов одржа вкупно 220 менторски часови за учесницитер од Employouth-акцелератрорската програма со цел да им помогне да ги развијат сопствените иди како и да развијат индивидуални способности и вештини за презентација. преговарање, тимска работа, лидерство, промоција на производи и продукти,техники на пичување и креирање на бизнис модел канвас.
Оваа програма се развиваше според специјално дизјнирани модули:
Модул 1: Бизнис модел канвас
Модул 2: Финасии на нефинасиски работници
Модул 3: Продажба и развој
Модул 4: Пичување