ДЕМО ДЕН-ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИ БИЗНИ ИДЕИ во Битола – Преда Плус

На 9-ти април 2019 година во Центарот за култура  во Битола, Фондацијата Преда плус организираше Демо Ден за да ги претстави иновативните идеи на идните стартапи што веќе неколку месеци се поддржани со менторство и обуки од страна на проектот Employouth, со цел да покажат дека секоја идеја е голема.

Во серија од 3 – минутни презентации, 24 нови стартап идеи го дадоа својот максимум пред критична публика од инвеститори и извршни директори.

Настанот беше организиран под мотото И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ, обезбедувајќи простор за:

* ИНОВАТИВНИ БИЗНИС ИДЕИ

* Вмрежување меѓу инвеститори, заинтересирани претприемачи и учесниците во Employouth програмата

* Релаксирана атмосфера со диџеј сет

Настанот е организиран во рамките на проектот Еmployouth, финансиран од ЕУ, преку програмата за прекугранична соработка за прекугранична соработка со Грција. Проектот го спроведува Фондацијата ПРЕДА Плус и Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола