ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ВО EMPLOYOUTH АКЦЕЛЕРАТОРСКАТА ПРОГРАМА ЗА СТАРТАПИ-Преда Плус

Пилот програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и ПРЕДА плус, подржана од Европската Унија која има за цел поддршка и унапредување на бизнис идеи на млади луѓе од Пелагонискиот регион.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОВАА ПРОГРАМА?

Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцлерератор ќе обезбеди тренинг, коучинг и менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма.

ПРЕТВОРЕТЕ ЈА ВАШАТА ИДЕЈА во БИЗИС!!!

Аплицицирајте со иновативна идеја од било која област, а ние ќе обезбедиме:

  • Поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план
  • Поддршка и градење на вештини за водење на бизнис
  • Пристап до инвеститори
  • Вмержување

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем.

КАКО?

Сите заинтересирани, најдоцна до 24 Декември 2018 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://bit.ly/2L002VN

Повеќе информации може да добиете на ФБ страната на EMPLOYOUTH @employouthmk, на веб страната на Преда Плус www.predaplus.eu или на отворениот час “ ASK ME ANYTING” од 12 до 13 часот во канцеларијата на ПРЕДА ПЛУС на улица Кузман Јосифовски 88/4, Битола секој ден од 17 до 23 Декември.