ЕВАЛУАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИ ИДЕИ во Битола

По завршениот процес за доставување идеи за вклучување во акцелераторската програмата, EMPLOYOUTH, научниот комитет составен од претставници на ФИКТ (Факултет за информатичка технологија и комуникации во Битола) и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус , одржаа состанок на 29 јануари 2019 година во просториите на ФИКТ за оценување иновативни идеи аплицирани во рамките на објавениот повик за бизнис идеи.
Процесот на аплицирање за сите заинтересирани учесници за вклучување во пилот акцелераторската програмата за акцелерација започна во декември 2018 година и истиот беше завршен на 15 јануари 2019 година. Процесот на аплицирање се водеше преку два формулари за апликација на Google, секој раководен од соодветниот партнер на проектот.
На состанокот беа дискутирани сите идеи, по што научниот комитет донесе одлука да ги вклучи сите поднесени идеи во првата фаза од акцелраторската програма.