НАСТАН за ВМРЕЖУВАЊЕ во Битола (Брендирање)

На 28 Февруари 2019 во склоп на EMPLOYOUTH аклераторската програма, Преда плус организира НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ со меѓународен говорник. Тема на настанот беше БРЕНДИРАЊЕ-Како да се имплементира идејата и бизнис стратегијата. Настанот овозможи споделување на значајни искуства, идеи и вмрежување за сите учесници на Employouth програмата, бизнис секторот и сите заитересирани страни.

Главен говорник на настанот беше г-динот ROLAND SIMON – бренд стратег и специјалист за маркетинг комуникации кој ги воведе присутните во тајните на бренд стратегијата и начинот на имплементирање на идејата во бизнис.