НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ ВО БИТОЛА-IDEA PITCH

Инспиративна и мотивирачка атмосфера на настанот за вмрежување –IDEA PITCH, кој на 20-ти март 2019 во хотел Милениум во Битола го организираше Преда Плус во склоп на акцелераторската програма за стартапи Employouth.
Учесниците на Employouth  програмата имаа можност да ги претстават своите бизнис идеи пред специјално формираната Комисија составена од релевантни претставници на бизис секторот, академијата и медиумите со цел да ги подобрат презентационите вештини за презентирање на нивниот бизнис пред инвеститори и јавност.

Презентацијата беше подготовка за учесниците во програмата за претстојниот Демо ден во април, кога ќе имаат можност да ги претстават своите бизнис идеи пред инвеститори.