Промотивен настан-Преда плус

Од Битола се мож(e)и!

Инспирирачка енергија преку лични примери, поттик да се размислува проактивно кон свој бизнис, опции да го примените своето знаење во компании кои го препознаваат истото се само неколку заклучоци од вчерашната динамична панел дискусија под наслов “Од Битола се може (и)” на која свои искуства за успешен бизнис презентираа пред присутните 5 интересни претприемачи.

Панел дискусијата беше најава ПОВИКОТ ЗА ПРЕДЛОГ ИДЕИ за вклучивање во првата акцелераторска програма за старт ап програми во Пелагонискиот регион за сите заинтересирани млади луѓе со  уникатна, иновативна идеја или решение на некој проблем.

Employouthth е Универзитетска Акцелераторска програма за стартапи. Пилот програма на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола и ПРЕДА плус, подржана од Европската Унија која има за цел поддршка и унапредување на бизнис идеи на млади луѓе од Пелагонискиот регион.