СЕЛЕКТИРАНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ИДЕИ ЗА EMPLOYOUTH АКЦЕЛЕРАТОРСКАТА ПРОГРАМА во Битола

Избраните апликанти, кои ќе бидат дел од пилот  акцелераторската програма  за стартапи -Employouth денес во просториите на ФИКТ ја одржаа својата прва средба на која накратко се претставија со своите идеи и се запознаа со понатамошната Менторска и тренинг програма.

Преда плус заедно со  Факултетот за комуникациски технологии (ФИКТ) Битола ќе реализираат две паралелни менторски и тренинг програми во рамките на акцелераторската програма Employouth. По реализацијата на програмите, учесниците од двете програми ќе ги претстават своите идеи на заедничкиот Демо Ден.
Подготвени сме за нови предизвици!