Тренинг програма ( Поддршка на иновативни идеи)-Преда плус

Во периодот од февруари до март 2019 година беше реализирана програма за обука од 80 часа во првата фаза од Employouth  акцелераторската програма која опфати вкупно 14 тренинг модули со цел да им помогне на учесниците во програмата да ја развијат и подобрат својата бизнис. Програмата за обука беше организирана како групни тренинг сесии (интензивен 4-дневен BOOT CAMP) и индивидуални консултации за темите релизирани на групните сесии.