НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ “WOMENPRENEURS STORIES”- Преда плус

Со цел да се охрабрат жените за вклучување во бизнисот и да придонесе кон намалување на родовиот дисбаланс, на 19 јуни 2019, Преда плус организираше Womenpreneurs Stories  за да инспирираме жени во една опуштена, мотивирачка атмосфера на прекрасниот амбиент на Porta Jazz.

Фондацијата ПРЕДА Плус продолжува да ја поддржува важноста на активната улога на жените во заедницата, нивната поврзаност и ангажман. Ние иницираме соработка со сите засегнати страни и компании кои го препознаваат овој потенцијал, правејќи позитивни промени што водат до економско зајакнување на жените, негуваат лидерство во сите области и создаваат општество со еднакви можности.

Рамноправноста помеѓу мажите и жените претставува еден од темелните принципи на Европската унија, а еднаквата застапеност на жените и мажите на пазарот на трудот е една од клучните подрачја на кои Европската унија ја проверува примената на принципот на рамноправност.

Инспиративни приказни за поголемо вклучување на жените во претприемништвото во склоп на Employouth акцелераторската програма за стартапи, финасиски поддржано од ЕU преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција во реализација на Фондација Преда Плус