На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, се даде во употреба реконструираниот дел од зградата на Факултетот

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола на 19.10.2020 се даде во употреба реконструираниот дел од зградата со површина околу 800 м2.

Реконструирањето беше дел од проектот “Креирање на можности за вработување на младите дипломирани кадри во пограничниот регион – ВРАБОТИМЛАДИ“, финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, во рамките на Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.

Вредноста на инвестицијата е ~113.000 ЕУР. Реконструираниот дел го пуштија во употреба Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, Заменик Министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски и Проекторот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и менаџер на проектот ВРАБОТИМЛАДИ проф. д-р Игор Неделковски.

Овој простор ќе биде многу битен за едукацијата на студентите. Во него ќе функционира ИТ хаб, место каде што студентите ќе се среќаваат со ИТ индустријата и ќе работат на заеднички реални проекти кои на студентите ќе им овозможат реална практична настава и поголема вработливост. Во овој простор ќе функционира и старт-ап центар, место каде студентите ќе можат да основаат свои компании и добијат поддршка за нивно лансирање на пазарот.